Патници кои платиле и до 890.000 долари за 3-годишно крстарење околу светот „заглавени“ во Белфаст веќе 3 месеци

Патниците кои платиле за 3-годишно крстарење околу светот се „заглавени“ во Белфаст веќе 3 месеци, а овој град практично станал нивен дом.Крузерот „Odyssey“, со која управува компанијата „Villa Vie Residences“, пристигнал на островот Квинс во Белфаст, Северна Ирска за да се опреми пред да тргне на првата етапа од 3-годишното крстарење. Иако требало да исплови на 30-ти мај, крузерот сè уште е на истото место поради проблеми со кормилото и менувачот.

Меѓу патниците е и Холи Хенеси од Флорида, на која Белфаст практично ѝ станал дом. Друштво во кабината ѝ прави мачката Кептан. Таа, како и останатите патници, може да го помине денот на крузерот, но навечер мора да го напушти.

„Во текот на денот можеме да престојуваме на крузерот, обезбедени се шатлови. Можеме да јадеме, да гледаме филмови и да се забавуваме, да правиме сè што е предвидено за време на крстарењето“, вели таа.

Иако ужива во глетката, честото дождливо време за неа е голем шок.

„Никогаш во животот не сум морала толку често да користам чадор, носам кабаница каде и да одам“, додала Хенеси.

Патниците добиле можност да откупат кабина наместо да плаќаат дневна цена за нивната соба како во традиционален хотел. Ова им овозможува да останат на крузерот и по првата тура.

„Сакам да останам што е можно подолго. Отсекогаш сум сакал да живеам на брод, тоа ми е остварување на сонот“, порачала Американката.

Цената на кабините се движат од 99.999 до 899.000 долари. Нејзината кабина има голем кревет, мал простор за седење и балкон.

Организаторите на крстарењето тврдат дека прават сè за да ја „намалат тензијата“ на патниците и планираат различни патувања и други крстарења или да ги сместат во хотели. Анџела и Стивен Териак го искористиле тоа и веќе отпатувале во Шпанија, Англија и на Гренланд.

Сепак, крузерот би требало да исплови до крајот на следната недела.

Треба да знаете
Последни објави