Две возила изгореа на паркингот  кај „Три бисери“во Аеродром

Утринава околу три часот изгореа две возила на паркинг кај „Три бисери“ во скопската населба Аеродром.

Граѓаните кои живеат во непосредна близина велат дела слушнале екплозии. На местото на настанот дошла и пожарна.

Според командирот на противпожарната единица Ѕвонко Томевски пожарот избувнал кај едно од возлата, а потоа го зафатил и другото возило.

Станува збор за возило „сеат ибица“ со скопски регистарски таблички и БМВ со прилепски регистарски таблички. Интеревенирано е со едно противпожарно возило и пет пожарникари. Се уште не е утврдена матријалната штета и причината за пожарот.

Треба да знаете
Последни објави