30 лекари од јавното здравство ќе работат и во „Жан Митрев“, Клиниката отвора нови оддели

Клиниката „Жан Митрев“ денес претстави нови инвестиции во најсовремена опрема, нови оддели и дополнителна соработка со над 30 лекари. Последнава година инвестирани се дополнителни 5 милиони евра во врвна опрема за постојните и за новите оддели во Клиниката, ангажирани се доктори специјалисти од јавниот и од приватниот сектор и повратници од странство, кои веќе се дел од тимот на Клиниката.

Се гордеам што денеска имаме Клиника што е реткост во регионот, со целосна дигитализација, нова технолошки најнапредна опрема и тим од доктори што се посветени на својата работа и експерти во својот домен на работа. Во последните неколку месеци склучивме договори за соработка со над 30 лекари, врвни специјалисти во своите области и успеавме Клиниката да ја ставиме на мапата во регионот како врвна болница во која сите услуги ги има на едно место“, објави доктор Жан Митрев, претставувајќи ги денеска своите соработници и одделите, кои се отворени во рамките на болницата.

Тој потенцира дека ги отвора вратите за сите доктори што сакаат да бидат дел од Клиниката и дека целиот процес е во интерес на пациентите, кои ќе имаат подобри услуги, се подигнуваат стандардите за тоа како треба да изгледа една клиника во Македонија, а во исто време го искористуваме целосниот капацитет на болницата. Имаме сè помалку врвни доктори, единствено може да се здружиме и заеднички да понудиме врвна медицинска услуга.

Клиниката вложи во комплетно нов технолошки понапреден мониторинг-систем, нов коронарограф, како и врвен микроскоп за изведување операции во делот на неврохирургијата. Се отвора нов STROKE-центар за мозочни удари и други состојба, центар за офтамологија во соработка со „Промедика офталмологија“, обезбеден е и нов апарат за 3Д-видеоторакоскопија за канцер на белите дробови.

Новоотворениот Центар за стоматологија е со современ, со нетипичен амбиент и со 24-часовна достапност, каде што се работи без болка, односно со целосна анестезија за деца и возрасни. Во Центарот за естетска дерматологија има проширување и надградување со нова апаратура (фотофајндер – скенирање на кожата на целото тело со мапирање бенки со вештачка интелигенција), хипербарна комора, нордлис-ласерска платформа 5 во 1. Во абдоминалната хирургија набавен е нов апарат за 4К-ендоскопска технологија за најпрецизна видливост, а кај васкуларната хирургија се воведува радиофреквентната аблација, најсовремена метода за третман на вени. Во Клиниката е набавена апаратура за спроведување минимално инвазивни зафати за решавање дискусхернии, без операција, под ангиограф.

За медицинскиот директор на Клиниката, д-р Емил Стоицовски, важно е што тимот се збогатува и се прошируваат услугите. „Имаме соработка со над 30 доктори од јавното здравство, а дел од тимот стануваат и медицински лица – доктори и сестри, кои се враќаат од странство за да останат во Македонија“.

Треба да знаете
Последни објави