ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Во Зоолошката се угинати 40 егзотични животни, оставка на целото раководство

Од СДСМ обвинуваат и бараат оставки од раководството од Зоолошка и одговорност од Град Скопје, затоа што во последните години угинале 40 егзотични животни.

„Зоолошката градина за две години прави 100 години постоење и можеби е една од најстарите во Европа. Во последниве две години за времена Арсовска се сменија неколку директори и од најпосетувана стана место каде угинаа 40 егзотични животни под неразјаснети околности, рече Стефан Кирков, советник во Советот за Град Скопје на денешната седница.

Кирков посочи дека во овој краток период Зоолошката во Скопје стана хорор приказна каде само умираат животни.

„Актуелниот директор бара нови вработувања, а се покажа дека не може да менаџира со оние кои се веќе вработени“, кажа Кирков.

Според Кирков во ваква една ситуација не смее да има нови вработувања кога ни постојните не ги вршат основните работи, односно директорот не знае како да ја изменаџира нивната работа.

„Под ова раководство на Зоолошка не треба да има вработувања, значи во овој мандат под овој менаџмент не смее да има нови вработувања. Наместо вработувања време е раководството да даде отказ, односно оставка од функцијата“, заклучи Кирков.

Треба да знаете
Последни објави