СДСМ: Нема пари за плати, ама има за двајца заменици директори во Царина

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ветуваа намалување на заменичките места, на двојните директори а во Царина сакаат да воведат уште еден, втор заменик директор.

Ете такви законски измени предлагаат ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието.

Малку им се министри, заменици, директори, раководители, па си измислуваат позиции заменик на заменик директор.

Досега вакво нешто е невидено ниту чуено, Царина да има директор, заменик директор и уште еден, втор заменик директор.

Кого ќе заменува вториот заменик во Царина? Директорот, заменикот директор или самиот себе?

Очигледно гладни се коалициските партнери на ВМРО ДПМНЕ па освен ВЛЕН треба да има заменик и за ЗНАМ.

Наспроти бомбастичните најави за рационалност и намалување на позициите власта штанца директорски позиции само заради задоволување на партиските апетити.

Нема пари за плати на работниците ама има пари за нови измислени позиции?

Бараме ВМРО ДПМНЕ да го повлече катастрофалниот Закон во Собрание.

Треба да знаете
Последни објави