Починато бебе донеле во итната помош во Подуево: Паднало од лулката додека спиело

Косовската полиција покрена истрага за смртта на двегодишно бебе во Подуево.

Според полицијата, нејзиното семејство без знаци на живот ја однело во Ургентниот центар.

„Со одлука на обвинителството телото е испратено на обдукција. Случајот е во истрага“, се наведува во соопштението.

Трагедијата се случила во селото Пенух.

Според семејството, таа се истркалала од лулката додека спиела.

Треба да знаете
Последни објави