Ужас во Шпанија: Мажот и синовите ја избoле мајка си со нож додека таа седела на тераса 

Шпанската полиција го уапси таткото и двајцата синови и кои ја изболе мајката додека седела на тераса од продавница за сладолед во градот Аликанте.

Тие се обвинети за обид за убиство, додека таткото и поранешниот сопруг на жената се обвинети и за семејно насилство, пишува „Ел Паис“.

51-годишна жена е примена во болницата „Доктор Балмис“ и не и е загрозен животот.

Уапсени се нејзиниот 47-годишен поранешен сопруг, како и нивните два сина на возраст од 20 и 21 година. Тие остануваат во притвор во полициската станица во Аликанте.

Истрагата, која ја спроведува одделот за убиства на шпанската национална полиција, започна по дојавата на еден од бројните очевидци на нападот.

Тројцата се упатиле со автомобил до слаткарницата на плоштадот, а потоа и пришле на жената која седела на терасата со нејзината ќерка и ја испрскале со бибер-спреј, а потоа со нож ја прободеле во десната страна од телото.

Инспекторите се обидуваат да утврдат кој од сторителите ги нанел убодите, а мотивите за нападот се уште не се познати, велат полициски извори.

Тројцата напаѓачи по инцидентот побегнале, но полицијата по осумчасовна потрага успеала да ги пронајде и ги уапсила.

Треба да знаете
Последни објави