ЦУК: Активни пет пожари, еден под контрола

До вечерва до 19 часот, како што информираат од Центарот за управување со кризи, активни се пет пожари, а еден е ставен под контрола. Изгаснати се 20 пожари.

Активен е пожарот на Планина Мукос, село Степанци и месноста викана Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени. Гори мешана шума.

Пожар има и кај селото Црвена Вода, во месноста викана Крста, во Општина Студеничани, каде е опожарена ниска вегетација и нискостеблеста шума, додека меѓу селата Љубош и Горно Количани гори ниска вегетација.

Активни пожари има и во Маркова Сушица, во Сопиште, каде гори мешана вегетација. Во Општина Кривогаштани има пожар на потегот село Средоред – село Вранче – село Кривогаштани, каде горат стрништа и сува трева.

Под контрола е пожарот на планината Галичица, каде има чадење во внатрешноста

Треба да знаете
Последни објави