Повреден моторџија во сообраќајка со камион во Тетово, оштетено и паркирано возило

На 27.08.2024 во 15.35 часот  во СВР Тетово, било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар” во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „ман” со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(44) од с.Ларце, тетовско, мотоцикл управуван од Р.И.(64) од Тетово и патничко возило „форд фокус” со тетовски регистарски ознаки, паркирано од Н.М.(57) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави