Десет загинати во израелски напади во северниот дел на Западниот Брег

Десет Палестинци загинаа во израелски напади во бегалски кампови во близина на Џенин и Тубас во северниот дел на Западниот Брег, јавија денеска палестинските медиуми.

Палестинското Министерство за здравство тврди дека три лица загинале во напад на израелско беспилотно летало на северот на Западниот Брег, пренесува палестинската агенција.

Исто така, се соопштува дека уште тројца млади мажи загинале во напад на израелско беспилотно летало утринава врз возило во селото Сеир, југоисточно од Џенин.

Треба да знаете
Последни објави