Фатен возач на автобус со туѓа картичка во тахографот – казнет 7.500 евра

На 26.08.2024 во 21.00 часот на наплатната рампа Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на автобус со струшки регистарски ознаки, сопственост на превозно претпријатие од струшко Велешта, а управуван од А.Д.(54) од Куманово.

При контролата било утврдено дека возачката картичка вметната во тахографот не е во сопственост на возачот кој го управувал автобусот. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоби за возачот, правното лице и управителот на правното лице по член 23 став 5, а казниво по член 55 став 1 и член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници со патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 7.500 евра.

Треба да знаете
Последни објави