Токио: Упадот на кинески воен авион во јапонскиот воздушен простор е сериозно кршење на нашиот суверенитет

Упадот на кинескиот воен авион во јапонскиот воздушен простор е „сериозно кршење на јапонскиот суверенитет“, изјави денеска портпаролот на јапонската влада, Јошимаса Хајаши, еден ден по инцидентот во Источното Кинеско Море.

– Нарушувањето на нашиот воздушен простор од страна на кинески воен авион не е само сериозно нарушување на нашиот суверенитет, туку е и закана за нашата безбедност и е целосно неприфатливо – изјави Хајаши.

Според јапонското Министерство за одбрана, кинески воен „шпионски авион Y-9“ вчера влегол во јапонскиот воздушен простор околу две минути.

– Се воздржуваме од давање конкретен одговор за целта на акцијата на кинескиот авион. Сепак, неодамнешните воени активности на Кина во близина на Јапонија имаат тенденција да се шират и да стануваат сè поактивни – рече тој.

Хајаши додаде дека владата ќе продолжи внимателно да ги следи воените активности на Кина и „ќе ги преземе сите можни мерки за да обезбеди буден надзор“.

Треба да знаете
Последни објави