Тешко повреден малолетник откако автомобил удрил во него, возачот избегал

Вчера во 15.35 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во велосипед управуван од малолетник од Кичево, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави