“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од утре (среда) на повеќе места пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Можно е локално невреме

Метео анализа на Славчо Попоски:

Периодот на нестабилно време продолжува во Македонија, и тоа поради влијанието на веќе споменатиот висински циклонски систем кој ќе се наоѓа над нашата територија. Исклучок ќе биде денешниот ден, кога очекуваме постабилна атмосфера, но сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Условите за нестабилност ќе започнат да растат кај нас од утре (среда) па во деновите потоа, кога во попладневните часови на повеќе места во Македонија ќе се развиваат грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен доожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста  и за појава на локално невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.

И во делови од Скопската котлина од утре (среда) во попладневните часови ќе растат условите за развој на грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста  и за појава на краткотрајно невреме.

Што се однесува до температурите, тие секојдневно ќе бележат тенденција на постепено опаѓање, а особено пад на истите ќе има во вториот дел од оваа седмица, кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. Наутро пак останува поприлично свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Треба да знаете
Последни објави