Еден загинат и двајца повредени од новинарската екипа на Ројтерс во Украина

Еден член на репортерскиот тим на Ројтерс во Украина загина, а двајца други се тешко повредени откако руска ракета го погодила нивниот хотел во Краматорск, потврдија од новинската агенција.

Загинатиот е 38 годишен британски државјанин кој повеќе години работел како советник за безбедност во Ројтерс, и бил дел од репортерската екипа на агенцијата која известувала од фронтот во Донбас.

Ракетниот напад се случил во саботата, а според останатите медиуми, хотелот во кој престојувала екипата на Ројтерс бил во рушевини.

Треба да знаете
Последни објави