Излета “голф” кај Струга – Повредени пет лица, меѓу нив и малолетници

МВР извести дека вчера во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Подмољје – Струга, возило „фолксваген голф“ управувано од С.М.(36) од скопското село Батинци излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Н.З.(27), малолетник и возачот, констатирани во Медицинскиот центар Струга.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

Треба да знаете
Последни објави