(Видео) Ајкула во Каламата: Драма на популарната плажа во Грција

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како ајкула се приближува до брегот на популарното летувалиште Каламата на Пелопонез. Видеото е објавено во групата “Грција инфо”, а на него се забележува дека ајкулата се движи опасно блиску до крајбрежјето.

Спасувачите веднаш реагирале и почнале да свиркаат за да ги натераат луѓето да излезат од водата. Инцидентот се случил околу 10 часот по грчко време на плажата Каламата, предизвикувајќи паника меѓу посетителите.

Треба да знаете
Последни објави