Тешко повреден возач на мопед „веспа” кој се судрил со возило „пежо”, а потоа удрил и во две паркирани возила

На 23.08.2024 во 13.02 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Никола Тесла” и ул.„Бранислав Нушиќ” во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мопед „веспа” со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(48) и патничко возило „пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(45) двајцата од Скопје, а мопедот удрил и во две паркирани возила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

Треба да знаете
Последни објави