За време на овој викенд уживајте во сончевото и топло време, сепак наутро ќе биде релативно свежо

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, за време на викендот кој полека ни доаѓа, во Македонија времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево. Ќе има и појава на умерена локална облачност, а ќе дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Сепак, во попладневните часови, и тоа во недела ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Наутро ќе биде свежо, со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 20 степени, додека максималните температури на воздухот ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.

Во Скопје  и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро температурата ќе се спушта до околу 19 степени, додека преку ден таа ќе се искачи до околу 37 степени.

Треба да знаете
Последни објави