Новиот формат и подновената химна на Лигата на шампионите предизвикуваат бурни реакции кај навивачите

Претстојната сезона во Лигата на шампионите ќе донесе имплементација на новиот формат, каде сите учесници ќе бидат дел од една група и ќе се натпреваруваат по таканаречениот „швајцарски систем“. Оваа промена веќе предизвика многу коментари и дебати, и допрва ќе покаже дали е вистински или изнуден потег на УЕФА.

Навивачите се скептични за новиот формат, а од вчера и незадоволни поради подновената химна на елитното натпреварување која беше пуштена на дел од плејоф натпреварите. Химната на Лигата на шампионите има култен статус, не само кај фановите, туку и кај самите фудбалери. УЕФА решила да ја поднови со забрзување на темпото и додавање ефекти, што предизвика многу негативни коментари на социјалните мрежи и отвори голема дебата меѓу фановите.

Иако најважниот дел од химната, стиховите испеани на три јазици, останува непроменет, фановите сметаат дека непотребно се менува нешто што е „свето“ во фудбалот.

Треба да знаете
Последни објави