Аргентина стави брод во карантин поради сомневање за појава на мајмунски сипаници

Аргентинските власти ставија брод на реката Парана, во близина на градот Росарио, во карантин поради сомневање за мајмунски сипаници, објавија локалните медиуми.

Бродот плови под знамето на Либерија, објави порталот Infobae, повикувајќи се на поморски извори.

Како што е наведено, капетанот на бродот пријавил дека на лице на бродот со „симптоми компатибилни со вирусот“ му е потребна медицинска помош и се чекаат резултатите од тестот.

Досега во Аргентина се потврдени осум случаи на mpox, вирусна инфекција која предизвикува гнојни лезии и симптоми слични на грип.

Инфекцијата обично покажува благи симптоми, но во одредени случаи може да предизвика смрт, пишува Ројтерс.

Новата варијанта на mpox брзо се рашири во Африка, што ја поттикна Светската здравствена организација да го прогласи mpox за глобална здравствена закана, пренесува Танјуг.

Треба да знаете
Последни објави