МП: Измените на Законот за бесплатна правна помош влегуваат во собраниска процедура

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош влегува во собраниска процедура . Со измените се врши негово усогласување со Законот за вештачење. Корисниците на бесплатна правна помош ќе имаат пристап до услугите од вешто лице.

Со членот 1 од Предлогот на закон се менува членот 13 став 6 од Законот за бесплатна правна помош на начин што се определува дека наместо Бирото за судски вештачења, вештачењата за потребите на корисниците на секундарната правна помош ќе ги вршат физички лица запишани во Регистарот за вештаци или правни лица запишани во Регистарот на правни лица што вршат вештачење. Употребата формулација е во согласност со Законот за вештачење и таа меѓу другото ги  вклучува и високообразовните, научните и стручните установи како и органите на државна управа врз основа на овластувања утврдени со закон.

Со измените се уредуваат правата и обврски на учесниците во постапката за секундарна правна помош. Вештакот мора да биде од соодветната област која што е неопходна за решавање на правното прашање за кое е одобрена секундарната правна помош. Изборот на вештакот се врши согласно процесните закони. Се воспоставува обврска за соработка со корисникот како и со назначениот  адвокат. Дополнително, се воспоставува обврска вештачењето, независно од која област се врши, да биде исклучиво за потребите на правното прашање за кое е одобрена секундарна правна помош. За прашањата поврзани со одговорноста, откажувањето, одбивањето да се вештаци се применуваат релевантните закони како и актите на Комората на вештаци.

Во законот се уредува постапката за исплата со што, како материјална одредба се применува членот 29 став 5 од Законот за вештачење кој ја уредува висината на наградата и надоместокот на трошоците.

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош  ќе се носи по скратена постапка .

Треба да знаете
Последни објави