Јаревски: Дали бизнис интересот од Блерим Рамадани на Шапка, е причина ДУИ да влија врз Пајазити да изрече куќен притвор за истиот да избега?

Интегрален текст од прес-конференција, Тони Јаревски, ВМРО-ДПМНЕ

Која била целта на посетата на Блерим Рамадани на Македонија?

Дали Блерим Рамадани бил носен на Попова Шапка од функционери на СДС и ДУИ и дали тој всушност се интересирал за градби на омиленото место за дивоградби на функционерите на ДУИ?

Затоа ли Рамадани бил пуштен во куќен притвор наместо да биде во затворски? Затоа што ДУИ и СДС имаат бизнис интерес од него?

Дали ДУИ влијаеле врз Пајазит Пајазити кој е нивна продолжена рака во судството да изрече куќен притвор за Блерим Рамадани, за да може да избега, затоа што имаат бизнис интерес од него?

Очекуваме институциите да отворат постапки и испоставите на СДС и ДУИ во судството како Пајазити да бидат разрешени.

Одговорност мора да има. Зад секоја јавна гласност на ДУИ се крие по некој бизнис интерес.

Додека народот се иселува, тие се богатат.

Треба да знаете
Последни објави