Синер го освои Мастерсот во Синсинати

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ноќеска го победи Американецот Френсис Тиафо во финалето на турнирот во Синсинати, САД со резултат 7:6 (7:4) и 6:2.

Мечот траеше 1 час и 38 минути, 23-годишниот Италијанец сервираше 13 аса, направи 2 двојни грешки и освои две 2 брејк топки од 8 шанси.

Синер беше фаворит, но Тиафо пружи силен отпор во првиот сет. Се играше без загубен сервис, па тајбрејкот го одлучуваше сетот. Во него Италијанецот беше подобар со 7-4, по што поведе со 1-0.

Во вториот сет приказната беше поинаква, Синер го доби со убедливи 6-2 и ја завери победата од 2-0 во сетови.

За светскиот рекет број еден ова е петта титула во 2024 година. Синер претходно ги освои турнирите во Ротердам, Мајами, Хал, како и Австралија Опен.

Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 6,8 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави