Бугари пукале на Халкидики: Мафијашка пресметка во кафеана, еден се бори за живот, луѓето бегале!

Едно лице се бори за живот, додека две се тешко повредени во тепачката што се случи во петокот во кафеана на плажа на Халкидики!

Група бугарски државјани, според локалните медиуми, нападнале сопственик на кафеана во Ханиоти и сонародник, удирајќи ги со тупаници и клоци по лицето и телото. При пресметката одекнале пет-шест истрели, по што гостите почнале да бегаат од локалот каде имало вечер со жива музика.

Полицијата уапсила пет бугарски државјани, а во истрагата наводно биле пронајдени четири гранати.

– Многумина плачеа и врескаа! Луѓето почнаа да бегаат. Им ги извадиле ножевите и пукале! Малите деца трчаа со своите родители. Настана паника – рекла жена која била присутна.

– За точно две минути пристигнав на местото на инцидентот и веднаш се фокусирав на човекот кој беше застрелан во градниот кош… Барав две возила на брза помош бидејќи имаше уште две повредени лица. Едниот бил испрскан со бибер спреј, по што добил повеќе удари по главата – опишува спасувачот за Касандра.

Локалните медиуми јавуваат дека има пресметка меѓу членови на бугарската мафија.

Треба да знаете
Последни објави