Гори куќа во Чаир, лепенка до зграда на осум ката (ВИДЕО)

Голем пожар избувна во куќа во Чаир, јавуваат жители за „Скопје1“. Според снимките на порталот од лице место, цел кат и покрив на куќата се целосно опожарени, а во непосредна близина има и зграда на осум ката.

Екипи на Противпожарната бригада веќе се обидуваат да го локализираат и изгаснат огнот, за да спречат негово проширување на соседните објекти.

Засега нема информации за повредени лица и причини за пожарот.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.

Треба да знаете
Последни објави