Забрана за капење: Високи нивоа на Ешерихија коли на позната плажа во Хрватска

Резултатите покажале дека на почетокот на плажата во Ичиќи, Хрватска покрај брановидникот на блиската марина, количината на бактеријата ешерихија коли е поголема од дозволената, а како резултат на тоа локацијата е оценета како небезбедна за капење, пренесува Нови лист.

Откако граѓаните пријавија загаденост на морето на плажата Ичиќи, Наставниот институт за јавно здравје ПГЖ (НЗЗЈЗ ПГЖ) изврши дополнително испитување на морската вода. Резултатите покажале дека на почетокот на плажата, покрај брановидникот на блиската марина, количината на бактеријата ешерихија коли е поголема од дозволената.

За состојбата се информирани сите надлежни служби, а Институтот продолжува со вонредно земање мостри на плажата Ичиќи додека не се утврди кога водата ќе биде безбедна за капење. Со оглед на резултатите, пливањето на оваа плажа не се препорачува до понатамошно известување.

Треба да знаете
Последни објави