Јахири потврди: Блерим Рамадани е во Косово и ја има нашата поддршка

Луан Јахири, потпретседател на организацијата на воени ветерани на УЧК од Урошевац (Феризај), во гостување на косовската телевизија Т7 изјави дека Блерим Рамадани, кој избега од Македонија, моментално се наоѓа во Косово. Рамадани беше бараан за екстрадиција од страна на Србија. Јахири додаде дека разговарал со Рамадани и дека планира наскоро да се сретне со него.

„Со Блерим денеска не разговаравме долго, го пофалив за одлуката што ја донесе, бидејќи тешко ќе беше да се врати во затворски притвор, а уште потешко да биде екстрадиран во Србија. Кога ќе се видиме, ќе му ја искажеме нашата поддршка и ќе му препорачаме да се пријави во нашите институции за да се расчисти целото прашање,“ изјави Јахири, пренесува порталот „Репортери.нет“.

Јахири истакна дека Рамадани претходно имал намера да остане во Македонија и да го заврши судењето, но дека одлуката за бегство ја донел откако било објавено дека ќе биде вратен во притвор со можност за екстрадиција во Србија. „Тој донесе добра одлука, би го направил истото и јас,“ додаде Јахири.

Во врска со бегството на Рамадани, министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, го оцени настанот како голем скандал, истакнувајќи дека станува збор за лице обвинето за воени злосторства врз Срби на Косово. Србија бара објаснување од Македонија како се случило бегството.

Србија го бара Рамадани поради сомневањата дека, како поранешен припадник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродима. Според косовските медиуми, Рамадани е третиот државјанин на Косово, по Гафур Дуголи и Томор Морина, уапсен во Северна Македонија врз основа на српска потерница, но и ослободен од судот.

Арбен Таравари од Коалицијата ВЛЕН изјави дека уште од првиот ден требало да биде ослободен Блерим Рамадани, но тоа го спречил обвинител од Кичево.

Треба да знаете
Последни објави