Серија земјотреси во Хрватска за помалку од 20 минути

Сеизмолошката служба на Хрватска соопшти дека утрово се регистрирани два многу слаби и еден умерен земјотрес со епицентар во Пељешац.

Индексот наведува дека јачината на земјотресот во 05:15 часот бил 2,2 степени според Рихтеровата скала, а во 5:21 часот 2,1 степени според Рихтеровата скала.

Се наведува дека земјотресот кој се случил во 5 часот и 33 минути бил со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала.

Треба да знаете
Последни објави