Трамп: Ако загубам на изборите, ќе ги напуштам САД и ќе одам во Венецуела

Доналд Трамп, поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат за американските избори, изјави дека ќе ја напушти Америка и ќе замине за Венецуела доколку ги загуби изборите во ноември.

Во интервјуто на X со милијардерот Илон Маск, Трамп рече дека Венецуела, која е зафатена од немири по претседателските избори, ќе биде далеку побезбедно место, пренесува Washington Examiner.

„Ако нешто се случи со овие избори, што би било хорор-шоу, следниот пат ќе се сретнеме во Венецуела бидејќи тоа ќе биде многу побезбедно место за средба од нашата земја“, му рекол Трамп на Маск.

Треба да знаете
Последни објави