Тешко повреден велосипедист, изгубил контрола и паднал

На 13.08.2024 околу 07.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Иван Козаров“ и бул.„Борис Трајковски“, Т.А.(74) од Скопје, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави