Меџити: Луѓе со црни пари посакуваат да има дестабилизација во државата

Заканите постојат оти ДУИ после дваесет години не може да се соочат со реалноста дека се во опозиција, дека треба да се вратат на себе си и на реформите внатре во партијата, изјави Изет Меџити во гостување на ТВ Сител.

Меџити вели дека постојат мал број на луѓе со „црни“ пари кои посакуваат дестабилизација во земјава за да може да си ја спасат кожата.

Точно е дека има црни пари и посакуваат да има магла за да си ја спасат кожата, но тоа се мал број на луѓе и не мислам дека заради тие мал број луѓе некој ќе посегне или да крши закон или да сноси одговорност утре за некакво дестабилизирање. На крај на граѓаните им треба мир, им треба подобар животен стандард, повисоки плати, па и во однос на Охридскиот договор, еден од столбовите е токму децентрализацијата, рече Меџити.

Треба да знаете
Последни објави