Авон обвинети дека нивните производи предизвикуваат рак

Авон поднесе барање за стечај откако беше погодена од серија тврдења дека талкот во нивните производи предизвикува рак.

Матичната групација на козметичката компанија Авон Продукт соопшти дека неодамна поднела барање за заштита од стечај по поглавје 11 во САД за да ги спречи должничките притисоци и влијанието на претстојните тужби.

Што се однесува до меѓународните операции на Авон, газдите рекоа дека ќе останат отворени и покрај стечајните постапки во САД, пишува британски Телеграф. Брендот Авон во САД моментално е во сопственост на LG Household & Health Care Ltd, а исто така не е дел од стечајот.

Се вели дека Авон Продукт е само холдинг компанија за брендот, што значи дека неговото работење не е дел од постапката за Поглавје 11.

Минатата година, Авон објави дека ќе отвори продавници во Велика Британија за прв пат во својата 137-годишна историја.

Авон е уште една компанија која поднесе барање за стечај за да се справи со тужбите кои произлегуваат од производите од талк. Џонсон и Џонсон исто така неколку пати се обиде да ги реши судските спорови користејќи банкрот, но сепак не успеа.

Треба да знаете
Последни објави