Екс директорот Галетановски се пријави на огласот за нив директор на ЗОО

Поранешниот директор на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски денеска се пријавил на огласот за избор на нов директор.

Тој ова го соопшти на социјалните мрежи објавувајќи архивски број од апликацијата.

,,Денес на ден 13.08.2024 поднесувам документи на огласот на град Скопје за директор на Зоо Скопје. Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои ми пишаа деновиве но најповеќе поради животните и моите колеги кои заслужуваат мир благосостојба и услови достојни за нив. Барам од градоначалничката Danela Arsovska и советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на Зоо Скопје” наведува Галетановски.

Тој во својата објава ја има прикачено и програмата за работа.

Треба да знаете
Последни објави