(Фото) Автобус на ЈСП се судри со автомобил во Ѓорче Петров

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје удри во автомобил во скопската населба Ѓорче Петров.

Несреќата се случи пред малку на главната улица „Ѓорче Петров“ педесеттина метри по кружниот тек кај СП Планет, а автобусот налетал на патничко возило кое од тротоарот сакало да се приклучи на коловозот.

Екипи на МВР вршат увид,а сообраќајот на овој потег од населбата се одвива забавено и во една коловозна лента.

Треба да знаете
Последни објави