КХС: Повиците за одлагање на кабаст отпад што ги организираат општините би требало да се спроведат со нивни ресурси

ЈП Комунална хигиена Скопје апелира до сите општини во градот Скопје да внимаваат на законските обврски и можности кога станува збор за акциите за одлагање на кабаст отпад и градежен шут.

Имено, повиците за одлагање на кабаст отпад и градежен шут кои ги организираат скопските општини би требало да бидат спроведени со ресурси на општините, а доколку немаат такви ресурси на располагање, таквите акции се спроведуваат со претходен договор со ЈПКХС. Во спротивно, одлагањето на собраниот кабаст отпад и градежен шут во садовите за одлагање на отпад поставени од ЈПКХС е незаконски.

Поради оваа причина, од денес ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе ја засили својата контрола на терен, а од градот Скопје ќе побараме да се засили инспекцискиот надзор, со цел откривање и санкционирање на незаконското одлагање на отпад во садовите на ЈПКХС.

Треба да знаете
Последни објави