Момче загина, а пет лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на патот Македонски Брод-Кичево

Дваесет и тригодишно момче од Кичево (М.К.) загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 23 часот на патот Македонски Брод-Кичево.

Кичевчанецот кој управувал „бмв“ се судрил со 40-годишен сограѓанин кој возел „ауди“, а во несреќата учествувале и четири паркирани возила, информираа од МВР.

Смртта на 23-годишникот е констатирана во болницата во Кичево.

Со тешки телесни повреди се здобил вториот возач на аудито, како и уште четири сопатници во двете возила. Кај две лица констатирани се полесни повреди.

Извршен бил увид.

Треба да знаете
Последни објави