Електричен тротинет удри во 64-годишна жена во центарот на Скопје

Електричен тротинет управуван од 34-годишен скопјанец, удри во 64-годишна жена која пешачела во центарот на Скопје.

„На 9 август, во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улица „11-ти Октомври“ со булевар „Кочо Рацин“ во Скопје, електричен тротинет „шаоми“ управуван од В.Ј. (34) од Скопје удрил во пешакот В.М. (64) исто така од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје“, велат од МВР.

Извршен бил увид.

Треба да знаете
Последни објави