Кај затвореник најдена марихуана

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.А.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 17.01.2024 во полуотвореното одделение во Казнено-поправна установа Идризово, затворските полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Треба да знаете
Последни објави