Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност

Времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. UV=8

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со појава на поплдневна облачност и со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Повремено и особено на крајот од работната недела ќе има услови во планинските подрачја за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Треба да знаете
Последни објави