Трипуновски на состанок со Потсекторската група за лозарство и вино

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствувал на состанокот на Потсекторската група за лозарство и вино.

На состанокот се разговарало за претстојната берба на винско грозје, приноси и квалитетот, а министерот ветил дека ќе се вреднува трудот на лозарите и Министерството ќе биде коректив.

„Во текот на денот Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, Вранец и Смедеревката“ се наведува од соопштението на Министерството.

Треба да знаете
Последни објави