Објавени цените за откуп на килограм винско грозје

Денеска Земјоделскиот институт – Скопје заврши со пресметката на производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, Смедеревка и Вранец.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство земајќи ја во предвид пресметката на Земјоделскиот институт – Скопје за производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, зголемена за 25% согласно Законот за вино.

Цената на килограм грозје Смедеревка со пресметаните 25% ќе изнесува 18,3 денари.

А, цената на килограм грозје Вранец со пресметаните 25% ќе изнесува 20,8 денари.

Имено да потсетиме дека производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година се пресметува согласно Законот за виното (Службен Весник 74/24) и по Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет  (Службен Весник 146/24).

Претходно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство спроведе Јавен конкурс за избор на институција и склучи Договор со Земјоделски институт – Скопје за вршење на услугата.

За денеска најавена е средба со менаџментот на Винските визби и откупувачи, каде ќе се дискутира за новите цени и откупот на грозје.

Треба да знаете
Последни објави