Автомобил излета во Охрид, повредени маж и жена и нивните две малолетни деца

Патничко возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(39) од Охрид, излетало надвор од коловозот. Несреќата се случила вчера во 23 часот на улицата „Железничка“ во Охрид.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.Д.(34) од Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот С.Д. и двајца малолетни сопатници, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Треба да знаете
Последни објави