На граничниот премин Јажинце уапсен маж од Косово, возел „мерцедес“ предмет на потрага на Интерпол Германија

Вчера во 19.50 часот на Граничен премин Јажинце, полициски службеници го лишиле од слобода 28-годишниот О.К. од Косово затоа што при гранични проверки било констатирано дека патничкото возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, кое го управувал, било предмет на потрага на Интерпол Германија, извести МВР.

Возилото било одземено, а лицето било предадено во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави