Ракетен напад врз база во Ирак каде се стационирани американски војници

База во Ирак, каде што се стационирани американски војници, денеска беше погодена од ракетен напад, изјави извор од ирачките безбедносни сили, пренесе Бета.
Засега не се знае дали има штета или повредени.

Пред неколку дена во американски напад беа убиени четворица проирански вооружени лица од Ирак.

-Ракети беа истрелани врз базата Аин ал Асад во провинцијата Ал Анбар, изјави извор од безбедносните сили.

Командантот на проиранската вооружена група, чии борци беа убиени пред неколку дена, изјави дека најмалку две ракети биле истрелани врз американската база.

Расте стравот од избувнување на поширок регионален конфликт како резултат на војната на Израел со палестинската милитантна организација Хамас.

САД се најверниот сојузник на Израел.

Треба да знаете
Последни објави