Приведено лице барано со потерница за казна затвор од три години и шест месеци

Денеска (05.08.2024) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 14:40 часот на територија на општина Гази Баба во Скопје го лишија од слобода Л.Т. (20) од Скопје, лице барано со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд-Скопје за казна затвор од три години и шест месеци, за кривично дело во врска со чл.300 ст.2 в.в. член 297 ст.1 од КЗ, информираат од МВР.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Треба да знаете
Последни објави