Државната лотарија доби нов директор, Александар Климовски

Професорот на правниот факултет Александар Климовски, стана нов директор на Државна лотарија.

Професорот Климовски предава предмети како што се Право на друштва, Корпоративно управување, Корпоративна етика и Право на игрите на среќа. Тој помеѓу најпознатите и водечки правни експерти во регионот за регулирање на игрите на среќа, а неговите научни трудови се глобално цитирани во реномирани научни списанија.

Покрај тоа, Климовски е ко-автор на учебниците “Корпоративно управување” и “Право на игрите на среќа” и автор или ко-автор на над 70 научни и стручни трудови. Климовски воедно е раководител на постдипломските студии по Корпоративно право на Правниот факултет во Скопје. Неговото обемно знаење и искуство во областа на правото и корпоративното управување ќе придонесат за понатамошниот развој и унапредување на Државната лотарија.

Треба да знаете
Последни објави