Во среда ќе се прска против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во среда (07.08.2024 година), ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци, односно:

– Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 07.08.2024 год. (среда), во раните утрински часови.

– Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 07.08.2024 год. (среда), во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Треба да знаете
Последни објави