Пожар кој започнал на депонијата, се шири кон Дојран. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше дека засега нема повредени. -Во Дојран од огнот се зафатени три куќи. Се врши евакуација. Нема повредени, вели Ангелов.