Најмалку 93 лица го загубија животот во одрони и свлечишта во Индија, 250 лица се спасени

Најмалку 93 лица го загубија животот денеска во одрони и лизгање на земјиштето во индиската држава Керала, јавија локалните медиуми.

Обилните дождови предизвикаа бројни одрони, а жртви се главно работници на плантажите за чај и нивните семејства.

Досега се спасени 250 луѓе, а по одронот околу стотина семејства останаа без покрив над главата, јави локалната ТВ Азијанет.

Треба да знаете
Последни објави